Пуштање на првата демо фарма за семе и саден материјал

52

imagesМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денес ќе ја пушти во употреба демо фармата во Средното земјоделско училиште во Свети Николе, која е дел од Македонско-Израелскиот проект за семе и саден материјал. Грант опрема која е вградена во демо фармата во Св. Николе е од израелската влада.

Овие демо фарми се наменети да бидат места каде ќе се обучуваат советниците на АПРЗ, инспекторите од ДИЗ, просветните и научните работници, фармерите и др.

Во фармата ќе се аплицираат најновите техники и технологии согласно израелските искуства и пракси за кои се верува дека се едни од највисоките во светот.