Македонската компанија за производство на здрава храна – Виталиа учествува на меѓународниот Трговски Саем “World of Private Label” во Амстердам.
Компанија на својот изложбен простор на љубителите на здравата исхрана од целиот свет им ги понуди своите производи од автентично домашно производство, наменети и за најпребирливата публика која акцентот го става на здравјето, но и на одличниот вкус. На саемот беше презентирана новата линија на сирови производи RAW FOODS како и новата линија протеински барови кои предизвикаа оргомен интерес кај посетителите. Беа остварени многу контакти со производители, дистрибутери,трговски ланци од целиот свет.
“Виталиа со присуството на овој тип настани ги зголеми своите интернационални потенцијали и овозможи конкурентност на своите производи во глобални рамки. На ваков начин се отвори огромен простор за пласман и унапредување на позицијата на сите брендови во продуктното портфолио. Компанијата и понатаму ќе учествува на светските саеми со цел да биде поблиску до светските трендови и иновации од областа на здравата храна со што ќе се обезбеди и долгорочен развој на компанијата”, изјави Искра Ветаџокоска Муцунска – менаџер и косопственик на Виталиа.
Меѓународниот Трговски Саем “World of Private Label” повеќе од 30 години ги обединува производителите и продавачите од целиот свет, и е важна платформа за претставување на иновации во прехранбените производни индустрии. Оваа година се одржа во Амстердам, каде повеќе од 2.600 изложувачи на преку 60 штандови имаа можности за промоција на своите брендови, но и за нови контакти со производители, добавувачи, професионалци и менаџери на супермаркети, што претставува значајно искуство, потенцијал за понатамошен пласман и унапредување на пазарните позиции.