НЛБ Банка на 01.06.2018 година го одржа третиот по ред семинар Жени во Бизнис во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), стои во соопштението на банката. Семинарот е дел од програмата Жени во Бизнис финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.
На семинарот се зборуваше на тема Развијте го Вашиот бизнис: Проширете го Вашиот бизнис надвор од границите на земјата, а присуствуваа 40-тина преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети за тоа како да го равијат и прошират својот бизнис надвор од земјата.
Договорот во висина од три милиони евра за поддршка на жените претприемачи во Македонија, помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан – Жени во Бизнисот.
Програмата е наменета и специјално фокусирана кон мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години.
Фото: НЛБ