Фудбалскиот гигант Баерн Минхен ќе го промовира хрватскиот туризам

24

Најголемиот германски фудбалски бренд, Баерн Минхен, потпиша тригодишен договор за стратешко партнерство со Туристичката заедница на Истарската жупанија, којшто содржи осум проекти за меѓусебна промоција пишува SeeBiz.

Според одредбите во договорот, истарскиот туризам ќе може да користи три играчи од сениорскиот тим на Баерн Минхен, за промоција на туристичите ресурси на овој хрватски регион, а од друга страна, и Истра како туристичка дестинација ќе се рекламира на официјалните клупски страници. Предвидено е и некои селекции на Баерн да одработат и предсезонски подготовски на Истра.

Заедничкото промовирање предвидува и најмалку еден натпревар на ветераните на Баерн со некоја од домашните селекции, а првтотимците на фудбалскиот клуб ќе ги нудат истарските сместувачки капацитети на клупските медиуми.

Инаку, околу 20% од вкупниот број на туристи во Хрватска доаѓаат токму од Германија, а во Баерн Минхен досега играле многу хрватски фудбалери и репрезентативци кои оставиле значаен белег во германскиот и светскиот фудбал. Од летово на клупата на Баерн, после Златко Чајковски и Бранко Зебец, седнува и третиот тренер, Хрват, Нико Ковач.

Баерн Минхен е еден од најголемите светски фудбалски имиња. Досега има освоено 28 шампионски титули во Германија, пет титули во европската Лига на шампиони и 18 пати бил освојувач на националниот Куп на Германија.

Фото: Facebook