Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година го издаде третиот број на е-билтенот Потрошувачите и храната.
Овој број ги опфаќа следниве теми:
- Совети – да се заштитиме од труење со храна
- Акриламид во храната
- Сурутка – Вашиот извор на протеини
- Колку чини дебелината?
- Трансмасти во храната и во севкупната исхрана
- Исхрана во пролет
- Кои се најчестите нутритивни тврдења и дали ги разбирате?
Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот кој ќе излага еднаш месечно.