Моторизираниот уред за самобалансирање, популарниот ховерборд доаѓа во уште понапредна фаза. Станува збор за hover чевли кои се далеку поудобни и полесни за балансирање, за разлика од нивниот претходник (ховербордот н.з.), пишува New Atlas.
“Лебдечките“ чевли се дело на кинеската компанија за подвижност InMotion, која претходно го произведе и R2 балансираниот транспортер, и всушност претставуваат два ховрборди во форма на чевли, секој за по една нога. Но тие можат и да се спојат, па привремено да бидат конвертирани во еквивалент на регуларен “лебдечки“ апарат (т.н. ховерборд).
Секој чевел тежи 2.7 кг. има мотор со јачина од 250 вати и батерија која трае до 8 км возење. Најголемата брзина којашто може да се постигне со овие “чевли“ е 8 километри на час, а можат да издржат максимална тежина од 80 килограми. Hover чевлите се отпорни на вода и прашина.
Овој модел на самобалансирачки чевли ќе биде достапен на пазарот на крајот на Јули и ќе чини 499 долари.
Фото: In Motion