RepAir – маица што го чисти воздухот додека ја носите

46

Италијанската модна компанија Kloters дизајнираше маица којашто го чисти воздухот и ги уништува штетните мириси во истиот.

Маицата е дизајнирана да биде удобна и еколошка, а исто така е и антибактериска. Досега е ставена на неколку тестови каде се покажало дека може да апсорбира до 97% штетни органски состојки, 92%  сулфурен диоксид и 86% aзотни оксиди.

Додатокот што го чисти воздухот е вметнат во џебот на маицата и може да се извади и замени кога тоа е потребно.

Моментало е достапна во 4 бои: бела, црна, темно зелена и темно сина.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Милано, Италија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 3.854 долари од потребните 11.590 долари, а кампањата трае уште 23 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.

Фото: Kickstarter