ОПМ се приклучува на повикот #SecureToys за безбедни играчки на пазарот

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) се приклучува на кампањата за безбедни играчки #SecureToys на Светската организација на потрошувачите – Consumers International.

Според неа паметните играчки кои со 100% сигурност се тврди дека можат да бидат хакирани поради немањето безбедносен систем треба да бидат минато.

Од организацијата алармираат дека тие играчки можат да се искористат за крадење на банкарски сметки или за шпионирање на децата. ОПМ повикува секој да се придружи кон повикот и за таа цел го споделува и видеото за HuggyBug.