
Во 2024 година, само еден процент од компаниите што се занимаваат со производство на пазарот на Европската Унија (во натамошниот текст: компании) биле под странска контрола. Од тој број, 59 проценти биле контролирани од институционални единици од други земји од ЕУ, додека сопствениците на преостанатите 41 процент биле лоцирани надвор од ЕУ.
Меѓу земјите од ЕУ, Луксембург имал најголем удел на компании контролирани од странство (28 проценти од сите компании), по што следува Естонија (12 проценти). Во сите други земји од ЕУ, компаниите контролирани од странство учествувале со пет проценти или помалку од вкупниот број компании, при што уделот се движел од 0,3 проценти во Полска и Италија до пет проценти во Хрватска.
Иако нивниот број е мал, нивниот придонес во економијата на ЕУ е значаен. Овие компании вработуваа 16 отсто од работната сила во ЕУ, а нивното учество во вкупната додадена вредност беше 24 отсто од вкупната вредност на ниво на ЕУ.
Меѓу земјите на ЕУ, додадената вредност на претпријатијата под странска контрола беше највисока во Ирска (72 проценти), Луксембург (62) и Словачка (50 проценти). Спротивно на тоа, Франција (15 проценти), Италија (18) и Германија (18) имаат најниско учество во додадената вредност.
Што се однесува до вработените и самовработените лица, претпријатијата контролирани од странство претставуваа 45 отсто од работните места во Луксембург и 28 отсто во Ирска, Словачка и Романија. Спротивно на тоа, тие сочинуваат десет проценти или помалку од работните места во Грција (осум проценти), Кипар и Италија (по десет проценти).











