
Вештачката интелигенција (ВИ) би можела да стане еден од главните двигатели на вработувањето во Соединетите Американски Држави во текот на 2027 година, бидејќи сè поголем број компании планираат да го прошират бројот на вработени и да бараат работници со знаење и вештини за примена на нови технологии, објави американската компанија што управува со онлајн платформата за вработување Zip Recruiter.
Според годишното истражување на компанијата, 67 проценти од американските работодавци очекуваат зголемување на бројот на вработени во текот на 2027 година, во споредба со 63 проценти во претходното истражување, објави американскиот финансиски портал Market Watch .
Особено е значајно што 30 проценти од работодавците очекуваат дека вештачката интелигенција ќе придонесе за создавање нови работни места, додека 21 процент веруваат дека нејзината примена ќе го намали бројот на вработени.












