
Земјите од Централна и Источна Европа треба да ја зајакнат отпорноста на своите економии на економски и геополитички шокови преку стабилни јавни финансии, сигурна монетарна политика, поразвиени финансиски пазари и диверзификација на изворите на енергија и синџирите на снабдување, изјави денес потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Борис Вујчиќ.
Зборувајќи на Конференцијата за европска економска интеграција во 2026 година во Виена, Вујчиќ истакна дека приходите во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) се зголемиле повеќе од двојно од средината на 1990-тите, и дека разликата во животниот стандард во споредба со поразвиените европски економии значително се намалила.
Според неговото мислење, за ова придонеле пристапувањето кон Европската Унија, интеграцијата во единствениот пазар, странските директни инвестиции и вклучувањето во европските и глобалните производствени синџири.











