Baidu, една од најголемите кинески технолошки компании, започна со масовно производство на самоуправувачки автобуси пишува BBC.
Компанијата ја објави вести откако го произведе 100-от јубилеен автобус од моделот Apolong во својата фабрика во провинцијата Фуџијан.
Иако првично возилото ќе биде пуштено да сообраќа во кинеските градови, Baidu планира мрежата возила да се прошири и во странство.
Станува збор за напредни, автоматизирани системи коишто можат одлично да возат во секакви временски услови. Apolong автобусите имаат капацитет за 14 патници, а компанијата ги креираше заедно со локален производител на возила.
Немаат седиште за возач, волан и педали. Се движат на електричен погон и достигнуваат брзина од 70 километри на час. Можат да поминат 100km по двочасовно полнење.
Фото: Baidu