Кинеска интернет компанија планира да произведува самоуправувачки автобуси

21

samoupravuvacki avtobus baidu

Водечката кинеска интернет компанија Baidu планира да развие производство на самоуправувачки автобуси, коишто на патиштата би требало да се појават за околу три години, пишува Reuters.

Од компанијата планираат масовното производство на овој вид автобуси да биде за околу пет години.

Заедно со овој проект, планирана е соработка со BMW за развој на самоуправувачки автомобили, чиешто масовно производство би почнало за околу пет години.

Од Baidu одбиваат да даваат детали околу партнерот со којшто би соработувале за производство на самоуправувачки автобуси или колку би чинела целата инвестиција.