Град Скопје и Градски паркинзи со донации за Охрид и Штип

91

Фото: Град Скопје

Градот Скопје и јавното претпријатие Градски паркинг, во насока на зголемување на соработката со општините Охрид и Штип, ќе донираат движен имот – специјално возило “пајак“, стои во соопштението од Град Скопје.

Донацијата за Општина Охрид ќе биде специјално товарно возило со дигалка “пајак“, марка Мерцедес произведено во 1991 година, со хидраулична телескопска дигалка марка Вестроспрем од 2009 година, додека пак, донацијата за Општина Штип, ќе биде наменета за ЈП СТИПИОН 2011 Штип и истата се состои од специјално товарно возило со дигалка “пајак“, марка Ивеко Отојол произведено 1996 година.

И двете донации се усвоени од страна на Управниот одбор на ЈП Градски паркинг и се очекува да бидат финализирани и потврдени од страна на Советот на Град Скопје на првата наредна седница.