Во текот на вчерашниот ден АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија во количина од 12.000 MWh, по просечна цена од 66.34 eвра за MWh. Вкупниот приход за компанијата од оваа продажба е 796.080 евра. Продадените вишоци електрична енергија се за септември 2018г.
Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава. АД ЕЛЕМ досега продаде вкупно 217.560 MWh, со вкупен приход од 11.595.638 евра.