Фото: Pixabay
Регулаторната комисија за енергика на Република Македонија ги објави новите цени на горивата. Според одлуката на регулаторите малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Така, во следните две недели цената на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе изнесува 71,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит и со тоа ќе чини
62,50 ден/лит., додека цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,814 ден/кг и ќе изнесува 33,897
ден/кг.