Рускиот синџир на маркети Svetofor отвора 100 продавници во Романија

181

Фото: Pixabay

Рускиот синџир на маркети Svetofor планира во следните две години да го прошири својот бренд и во Романија со отварање на 100 продавници со производи по дисконтни цени, пишува Romania Insider.

Малопродажната мрежа е основана во 2009 година и моментално располага со околу 600 продавници во Русија. Svetofor, исто така, има продавници и во Белорусија, Казахстан и Азербејџан, а планира да влезе на пазарите во Романија, Полска и Германија.

Првата продавница ќе биде отворена во септември во Снагов, а веднаш потоа уште една и во во Брашов. До крајот на оваа годината планирано е да се отворат 16 локални продавници.

Влегувањето на рускиот синџир на маркети на романскиот пазар, ќе претставува директна конкуренција на германските брендови Lidl и Penny Market, кои имаат над 200 продавници во Романија.