Нова листа на должници од УЈП

26

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр.09/2018 за долгови доспеани до 31.05.2018 и неплатени до 31.08.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Вкупниот износ на долгот за физичките лица и самостојни вршители на дејност е повисок од 120.000 денари, додека долгот за правните лица е повисок од 300.000 денари.

На листата објавени се 2.178 должници – правни лица и 2.082 физички лица.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.279.134.122 денари. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.250.255.224 денари, додека долгот за царински давачки е 28.878.898 денари.