Раст на компанијата, проширување на производните линии, подобрување на производите и развој на нови, е цел на седумнаесет косовски прехранбени и кондиторски компании кои учествуваат во програмата Coaching for Growth (Коучинг за раст) спроведена од страна на CEED Косово. На 26 септември 2018 година, претставници на овие компании, во соработка со CEED Македонија го посетија македонскиот производител Витаминка, со цел споделување на знаење и искуство.
“Гледајќи од прва рака како функционира сличнa компанија, предизвиците со кои се соочува и решенијата што ги наоѓа, им помага на другите подобро да ја разберат својата ситуација, да го проценат пазарот и да ја подобрат стратегијата, перформансите и практиките”, вели Крешник Леши од CEED Косово.
Витаминка, како домаќин на посетата, овозможи пристап до производната линија на неколку видови колачиња, како и запознавање на учесниците од Косово со високиот менаџмент на компанијата, кои споделија повеќе информации за нивната историја, визија, производство, а особено за развојот на нови производи и проширување на нови пазари.
Бујар Истрефи, генерален менаџер на Missini и учесник во програмата, сподели дека посетата беше многу корисна, особено компанијата избрана за оваа студиска посета.
“Посетата ни даде можност да видиме од прва рака колку сериозно оваа компанија се занимава со работата, секторска поделба и како тие имаат распоредено простор за секоја производствена линија”, рече Истрефи.
За него, дисциплината, хигиенските мерки и процесите беа импресивни и даваа вистински поттик за истражување на можностите, така што и тие ќе инвестираат во пософистицирана машинерија.
Преку организирањето на оваа посета, Витаминка поттикна позитивни промени во начинот на работењето на компаниите учеснички и покажа висока свест за општествена одговорност и поддршка на развојот на малите компании во регионот.
Програмата Coaching for Growth е специјално дизајнирана 9-месечна програма, за компании што се занимаваат со преработка на храна и кондиторски производи во Косово, чија што цел е да им помогне да ги подобрат и развијат производите и да ги зголемат капацитетите. Истата е во рамките на Проектот за промовирање на вработување во приватниот сектор, на Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведена од Swisscontact и Институтот Риинвест.