Иако пред само неколку дена го напушти овој свет, бизнисменот, филантроп и ко-основач на Пол Ален гигантот зад себе остави многу.
Од самите почетоци па се до крајот на својот живот, тој постојано ги подучуваше луѓето за важното во животот. Во продолжение неколку негови убави мисли.
Сум искусил и знам дека секој неуспех го содржи семето на следниот успех, треба само да сакате да научите од него.
Секоја битка е невозможна без оптимизам и амбиција. Тие ќе ве однесат високо.
Од технологија и наука, па се до музика и уметност ме инспирираат оние кои ги поместиле границите, оние кои погледнале на можностите и се запрашале “А што ако…?“
Возможното постојано се редефинира, а мојата цел е колку можам да му помогнам на човештвото да оди напред.
Човечкиот род од секогаш сакал да авантури и истражувања. Вселената и длабочините на океаните ќе бидат последните граници.
Има многу малку идеи што можеме да ги оствариме сами.
Можеби другите не сметаа за ексцентрични, но не се грижев. Јас открив што сум – програмер.
Се обидов да предвидам што ќе биде следно, да го забрзам неговото доаѓање и да го применам во животите на луѓето на значаен начин.
Фото: Facebook