На овој голем бизнис настан присуствуваат повеќе од 300 претприемачи, бизнис лидери и интернационални инвеститори од повеќе од 17 земји.
Глобалната конференција на CEED е единствена можност за сите учесници да ја прошират својата бизнис мрежа и да креираат нови соработки. Говорниците, истакнати претприемачи од својата област, ќе ги споделат своите искуства и ќе дадат свое мислење за иднината и за можностите на секој бизнис.
CEED работи со претприемачи кои сакаат да имаат успешни компании и да се реалзираат како лидери во својата индустрија, преку обезбедување на пристап до ментори, знаење и капитал. Центрите на CEED се наоѓаат во Албанија, Ерменија, Бугарија, Косово, Македонија, Молдавија, Мароко, Романија, Словенија, Танзанија и Тунис, со проекти во 10 други земји.
Конференцијата можете да ја следите во живо на следниов линк.