Германското летечко такси Volocopter ќе сообраќа во Сингапур

52

Германскиот авијациски старт-ап Volocopter веќе го испроба својот 18-роторен, такси хеликоптер на домашен терен, во Дубаи и САД. Следните планови на компанијата се да остане во Сингапур каде што ќе ги тестира своите возења од следната година, пишува New Atlas.

Беспилотното летечко такси, коешто работи на електричен погон може да пренесе два патника на кратки, однапред одредени летови во урбани градски центри. Идејата на германскиот старт-ап е дека еден ден луѓето ќе користат токму ваков вид на транспорт. Самите ќе ја одбираат посакуваната дестинација преку таблет, а потоа со помош на вградениот совфтвер во леталото патниците ќе бидат безбедно транспортирани каде што сакаат.

Volocopter може да прелета 30 километри со едно полнење и е толку тивок што на 100 метри висина воопшто и не се слуша.

Неговата “преселба“ во Сингапур вклучува локален тим од инженери и дизајнери на производ, како и работа со локални програмери за недвижнини и фирми за мобилност коишто ќе ја “забрзаат“ ерата на летечките такси.

Тест летовите се закажани за втората половина на 2019 година и ќе бидат дизајнирани за да ја потврдат соодветноста на Volocopter за урбаната средина на Сингапур.

Фото Volocopter