Во чест на 100 годишнината на Chanel

45

chanel-film-Once-Upon-A-Time-468x312

Познатиот француски бренд Chanel го најави новиот краток филм на Карл Легерфелд Once Upon A Time преку краток видео запис.

На клипот кој трае 45 секунди се дава мал увид во тоа што ќе содржи краткиот филм на креативниот директор на модната куќа Chanel.

Како Габриел Коко Шанел се појавува британската актерка Кира Најтли, а триесет и три годишната француска актерка Клотилд Есме ја глуми тетката на Коко Адриен. Во филмот се е импровизирано, ѕвездите сами ги смислуваат репликите.

Краткиот филм ја прославува сто годишнината на брендот, прикажувајќи ја првата продавница Chanel која била отворена во 1913.

Својата премиера филмот ќе ја има на 8 мај на веб страната Chanel News.