Во првиот квартал од оваа година, Србија во трговија со земјите од ЦЕФТА договорот остварила суфицит од 298,8 милиони долари, објави Републичкиот завод за статистика.
Суфицитот е резултат главно на извоз на земјоделски производи, разни видови пијалоци, железо и челик.
Најголем суфицит во размената Србија остварила со потписничките на ЦЕФТА договорот – Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, потоа со Романија и Украина.