Почетна Новости Google: 25 милиони долари за најдобрите технолошки решенија за социјални проблеми

Google: 25 милиони долари за најдобрите технолошки решенија за социјални проблеми

44

Фото: Pixabay

Google планира да одвои 25 милиони долари за решенија со вештачка интелигенција коишто ќе одговорат на најчестите социјални и проблеми со животната средина, како наоѓање на работа, заштита на дивиот свет, предвидување на поплави и здравствени проблеми.

За оваа цел технолошкиот гигант креираше вештачка интелигенција за таканаречената Програма за социјално добро (Social Good program) којашто ќе обедини инженери и истражувачи за како што велат од Google, благородни цели.

Компанијата ќе ангажира надворешни експерти за помош, но ќе бидат добредојдени и идеи од почетници, пишува Engadget.

Google ги повикува сите оние без разлика дали се академци, непрофитни организации или останати здруженија, да ги престават своите идејни решенија за овој тип на проблеми. Сите кои ќе влезат во потесниот круг, освен што ќе добијат 25 милиони долари, ќе се приклучат во акцелераторска програма и ќе добијат менторство и експертиза од непрофитната организацијата DataKind.

Google ќе ги одбере победниците следната пролет со помош на експертско жири.