Србија: Над 1.000 компании и поединци работат “на црно“

44

Фото: Pixabay

Над 1.000 компании и поединци во Србија работат “на црно“ или надвор од рамките на законот, пишува Танјуг.

Од петти септември, кога Министерството за труд на Србија ги објави имињата на над 20 фирми во коишто се забележани работници “на црно“ или во нив инспекторите утврдиле најразлични неправилност, два месеци подоцна на листата има над 1.000 компании и поединци што не ги почитувале законските прописи.

Голем од компаниите што ги има на листата се наоѓаат фризерски и козметички салони, авто перални, продавници, кафулиња, но и градежни работници, таксисти, автомеханичари, пекари, кројачи и слично.

Компаниите што не ги почитуваат сите законски прописи, а се најдоа на оваа листа, доаѓаат од повеќе градови во Србија: Суботица, Сомбор, Зрењанин, Нови Сад, Белград, Шабац, Врање…