Турција: Пола милијарда долари од извоз на килими во САД до крајот на годината

79

Фото: Pixabay

Турција до крајот на оваа година планира да извезе килими во САД во вредност од 500 милиони долари, пишува агенцијата Анадолија.

Соединетите Американски Држави, според податоците, се главен пазар на којшто Турција ги пласира своите килими. Во текот на деветте месеци од оваа година, извозот на килими од Турција во САД достигна 350 милиони долари. Зад нив, следуваат пазарите на Саудиска Арабија и Ирак, каде што има најголема побарувачка за килимите од Турција.

Во југоисточната провинција Газиантеп се произведуваат 30% од машински ткаени килими во Турција. Извозот на килими од Газиантеп, во текот на деветте месеци од оваа година, достигна вредност од 1,1 милијарди долари, а до крајот на годината се очекува извозот да достигне до 1,5 милијарди долари.