За девет месеци добивка од 210.000 денари за Димко Митрев од Велес

56

Компанијата Димко Митрев од Велес, од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари добивка од 210.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Во периодот од 01.01. до 30.09.2018 година Димко Митрев од Велес оствари нето добивка од 210.000 денари и во однос на истиот период од претходната година е помала за 38%“, стои во Образложението.

За деветте месеци остварен е вкупен приход од 202.349.000 денари, којшто е поголем за 21% во однос на истиот период од претходната година, којшто изнесува 167.448.000 денари. По структура на застапеност во вкупните приходи, како што се наведува, приходите од домашен пазар учествуваат со 4%, од странскиот пазар со 91%, а од други приходи со 5%.