Горивата поевтинуваат од три до 4,50 денари за литар

40

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени од три до 4,50 денари за литар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 поевтинува за 4,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 67 денари. Еуросупер БС – 98 добива цена пониска за четири денари, па еден литар ќе се продава по 69 денари. Еуродизел (Д – Е V) ќе се продава по цена пониска за три денари и ќе чини 64,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,281 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.10.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 35,133 денари за килограм.