Showerboard – “чевли“ за брзо и лесно движење

34

Фото: Kickstarter

Trotta, старт – ап од Италија, креираше нов модел на транспорт наречен Showerboard. Станува збор за транспортни чевли коишто се опремени со батерии и можат со едно полнење да поминат осум километри. Корисникот треба само да застане на “чевелот“ и да тргне. Showerboard ги придвижува мини мотор од 250 вати, односно вкупно 500 вати на двете чевли. Достигнуваат брзина од 14 километри на час.

Благодарение на вградената автоматска функција за балансирање, двете чевли застануваат во “стоечка“ позиција кога корисникот ќе се качи или симне. Секоја од нив е екстра подвижна, има дијаметар од 8,9 сантиметри и тежи околу 3,1 килограм.

Независноста помеѓу двете чевли го прави движењето полесно и пофлексибилно отколку ако се користи заеднички уред за двете стапала.

Showerboard се водоотпорни, а нивното полнење трае околу два часа. Благодарение на нивната мала тежина истите се транспортираат многу лесно, додека вградените LED сијалички на гумите што служат како браник, овозможуваат подобра видливост ноќе.

Производот има кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter  од каде им се потребни 11.246. Кампањата трае уште 23 дена, а првите испораки се очекуваат во декември годинава.