
Фото: Pixabay
ИТ компанијата CPU Infotech од градот Цазин, во Босна и Херцеговина, одлучи да го скрати работното време за еден час за да може вработените да поминуваат повеќе време со своето семејство, пишува Независне новине.
Директорот на оваа фирма, Џенан Капиќ, вели дека примањата за шесте вработени остануваат исти, а придобивки од оваа одлука имаат сите.
“Ништо нема да се изгуби за тој еден час, работата ќе се заврши, а работниците ќе бидат повеќе мотивирани, бидејќи ќе имаат повеќе време за своето семејство. Мислам дека ова е добар потег што позитивно ќе се одрази на нашата работа, а се надевам дека и други работодавачи ќе го следат овој пример“, изјави Капиќ.
“Ова мене како жена и мајка многу ми значи. Имам дете од две години и сега ќе можам да поминам повеќе време со семејството“; вели Хана Первиз, вработена во CPU Infotech.













