Фото: Kuehne + Nagel
Платформата за поморски транспорт Sea Explorer на компанијата Kuehne + Nagel овозможува дигитален пристап до услугите од овој вид. Сега компанијата дополнително ја проширува платформата за транспорт по воден пат. Sea Explorer нуди паметно поврзување на над 1.200 пристаништа низ целиот свет преку напреден алгоритам.
“Ова подобрување го носи Sea Explorer на повисоко ниво и ја надополнува интелигентната понуда за поморски превоз на Kuehne + Nagel. Тоа е паметна платформа за транспорт на различни контејнери. Со моќни функции, како што е споредба на реални временски прилики, навигација, корисниците ќе добијат нови можности за операциите што ги вршат секојдневно. За првпат, платформата обезбедува целосна видливост на емисијата на штетни гасови. Исто така, согласно регулативите, транспортерите ќе придонесат кон зелена економија и одржлив глобален поморски транспорт. Kuehne + Nagel користи голем опсег на податоци и информации од оперативниот систем за да даде уникатен увид во поморскиот транспорт“, изјави Ото Шатх, член на Управниот одбор на Kuehne + Nagel International AG, одговорен за поморски транспорт.
Корисниците може да најдат, споредат и да визуелизираат опции за различна испорака. Информациите се потврдени преку над 200 милиони сетови на податоци дневно од различни извор.
Sea Explorer е проект што постојано ќе се подобрува врз основа на блиска соработка со клиентите.