Фото: Instagram
Корисниците на Instagram наскоро ќе можат да купуваат преку видеа од платформата, да зачувуваат производи во определена “шопинг колекција“ и да купуваат од бизнис профилите на поедноставен начин.
Со ова, Instagram сака да создаде подобрено шопинг искуство каде корисниците ќе можат остварат што повеќе купување преку оваа страна.
Новиот виртуелен простор изгледа како онлајн продавница, со таа разлика што во него се предмети коишто ги одбрал корисникот. Сите постови се наредени уредно, во редови, па корисникот може лесно да го најде тоа што го сочувал за да го купи.
Instagram неодамна дозволи на одредени бизнис профили да ги означат нивните “приказни“ со производи, а сега истото ќе можат да го направат и со видеата од нивната објава.