Кои се петте најплатени работни позиции во Google

60

Фото: Facebook

За многумина да се биде дел од тимот на Google е работа од соништата, а за некои вработени во компанијата тоа е исполнување на сонот.

Entrepreneur ги прикажа работните позиции со највисока плата во Google и што овие вработени треба да направат за да ја заслужат “дебелата“ сума.

Во продолжение топ пет.

Постар потпретседател – 661.000 – 710.000 долари

Задачи: увид во генерирање на приходи, претседавање со операции, анализирање на финансиски извештаи, контрола врз следење на политиките на компанијата, како и идентификување и спроведување на нови деловни можности.

Директор на операции – 304.000 – 330.000 долари

Задачи: соработка со супервизор за носење на одлуки за активностите, одредување стратешки цели, надгледување на вработените од различни сектори и обезбедување на конструктивен фидбек.

Директор на инженеринг – 300.000 долари

Задачи: техничко раководство на големи проекти, управување со тимот на инженери, управување со целите на проектот, креирање на стратегија.

Постар директор за управување со производи – 296.000 – 323.000 долари

Задачи: создавање и водење на тимови за развој на производи и услуги. Информирање на тимот за одлуките за производите по претходно спроведени длабоки аналитички вештини, податоци и разговори со клиенти.

Директор за глобално партнерство – 286.000 – 314.000 долари

Задачи: истражување на нови можности со партнерите на Google. Тимот за глобално партнерство ги поддржува тимовите за производи со цел да се подобри квалитетот на корисниците на Google во области како што се: маркетинг, пребарување, мапи, услуги итн. Креирање на партнерства за производи, пазарни стратегии и инкубација на бизнис раст за различен тип на производи.