Марта и Медлин од Португалија креираа чевли што му овозможуваат на стапалото да дише, односно да не се “чувствува“ дека се носи чевел. Mukishoes се специјално дизајнирани обувки од природни и лесни материјали, безбедни за околината и здравјето на луѓето.
Нивниот дизајн помага корисникот да има чувство дека оди бос, а стапалото истовремено е релаксирано и заштитено од повреди. Со секој купен пар, креаторките донираат по едно дрво за португалската организација Reflorestar Portugal.
Mukishoes можат да ги носат и мажи и жени, имаат модерен изглед и доаѓаат во осум различни варијанти и бои.
За нивната изработка користени се природни материјали како коноп, памук, лен, варена волна, растителна кожа и плута, а ѓоновите се направени од рециклирана гума и се издржливи на секакви услови.
Чевлите доаѓаат во броеви од 36 до 47.
Производот има своја кампања на платформата Indiegogo од каде што бара поддршка од 18.000 евра. Кампањата трае уште еден месец, a испораките се очекуваат следната пролет.