Славеј со загуба од 1,7 милиони денари за девет месеци

51

Центарот за ортотика и протетика, Славеј во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари загуба во вредност од 1.784.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата евидентираше загуба од 14.724.000 денари.

“Падот на загубата во третото тримесечје од 2018 година, во споредба со загубата за истиот период од 2017 година се должи на обновување на договорот за ортопедски помагала со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како и намалување на трошоците“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември 2018 година, изнесуваат 95.244.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 79.407.000 денари.