Фото: Pexels
Програмата за добивање на црногорско државјанство преку инвестиции ќе трае три години, почнувајќи од први јануари следната година, а во тој период ќе може да се прифатат најмногу 2.000 барања, пишува Vijesti.me.
“Не се работи за продажба на пасош, туку за поттикнување на инвестиции во развојни проекти и тоа за оние за кои владата дава согласност. Нема место за загриженост за кредибилитетот на апликантите со оглед на тоа што е предвидена проверка на повеќе нивоа. Апликантот поднесува барање за реализација на посебна програма преку агент за посредување, а контролата ја врши агент за оценка на меѓународна подобност, кој мора да има лиценца“, велат тамошните власти.
Инвестициите треба да придонесат за развој на помалите општини и да интензивираат проекти во повеќе области, како што се: туризам, земјоделие и преработувачка индустрија.