T-Mobile го донесе новиот Samsung GALAXY S4

53

Samsung Galaxy S4 photo

Од утре, 8 мај, во сите Телеком продавници низ Македонија ќе може да се најде најновото иновативно комуникациско решение на пазарот – последниот модел на паметниот телефон Samsung GALAXY S4.

Т- Mobile брендот создаде специјална понуда со цел што е можно повеќе корисници да можат да си го дозволат овој паметен телефон. GALAXY S4 може да се земе во пакет и со договор преку постоечката Play L понуда на T-Mobile, со која телефонот е достапен на 9 месечни рати од по 3.017,00 денари.

Новиот GALAXY S4 е создаден согласно потребите на корисниците од целиот свет. Има неверојатно модерен дизајн и форма со дебелина од само 7,9 мм, со голем екран од 5 инчи и батерија која трае подолго од кога било до сега, тежок е само 130 гр и располага со камера од 13 мегапиксели. Во моментов е достапен во црна и бела боја, а се очекува палетата на бои да се прошири до крајот на годината. Она што е невообичаено и особено иновативно кај овој најнов модел на Samsung e можноста за контролирање на телефонот согласно движењата на очите и можноста на екранот за препознавање на ликот и гласот на сопственикот.

Повеќе информации за понудата на Т-Мobile, како и за карактеристиките на новиот Samsung GALAXY S4 сите заинтересирани може да најдат на www.t-mobile.com.mk или да посетат било кој продажен салон на Телеком.