Кина: Производите на Dolce & Gabbana отстранети од веб страните за е – трговија

50

Фото: Facebook

Кинеските веб страни за онлајн трговија, вклучувајќи ги Tmall and JD.com на Alibaba, ги отстранија производите на италијанската модна куќа Dolce & Gabbana поради контроверзни реклами за претстојното модно шоу во Шангај.

Исто така, производите на луксузниот бренд беа тргнати од онлајн портфолиото на Suning.com, NetBase и Vip.com, пишува Xinhuanet.

D&G постираше три кратки видеа на Instagram и Sina Weibo минатиот викенд каде што можеше да се види модел од Кина како неуспешно се обидува да јаде италијанска храна со стапчиња. Тоа предизвика бес кај Кинезите и брендот беше обвинет за ширење на расизам.

Ситуацијата дополнително се влоши кога се појави навредлива порака на Instagram профилот на еден од основачите на D&G, Стефано Габана, на што тој реагираше бранејќи дека профилот му бил злоупотребен од хакери.

Модното шоу на брендот што требаше да се одржи во Шангај беше откажано.

По инцидентот, основачите упатија извинување до кинескиот народ дека во ниеден момент не сакале да ја навредат нивната култура и традиција.