Бензините поевтинуваат за четири, а дизелот за 3,50 денари

34

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините Еуросупер БС – 95 и 98 поевтинуваат за четири денари, па новите цени ќе им бидат 63, односно 65 денари за литар.

Новата цена на Еуродизел (Д – Е V) е пониска за 3,50 денари и ќе биде 61 денар за литар. Исто така, за 3,50 денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, што во следните две недели ќе се продава по 49,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,307 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.11.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 31,826 ден/кг.