Трговците избраа 100 Топ брендови

42

Трговците од Македонија избраа 100 брендови кои секоја подобро снабдена продавница треба да ги има на своите полици во 2019 година. Ваков избор за првпат се организира во Македонија, а е во организација на магазинот InStore,специјализиран магазин за трговија со стоки за широка потрошувачка.

Брендовите се објавени во специјалното издание 100 MUST HAVE 2018/2019, кое од денеска бесплатно се дистрибуира.

Изборот беше направен врз основа на телефонска анкета што ја спроведе InStore во октомври и ноември 2018 година, на примерок од 300 испитаници, во 50 категории  производи. 100 MUST HAVE  беа селектирани од вкупно 800 брендови кои беа спомнати во анкетата.

“Се надеваме дека преку проектот 100 MUST HAVE производи ќе ја олесниме работата на трговците и на производителите/дистрибутерите, кај едните за изборот, кај другите за поставување на нивните производи во малопродажните места низ Македонија. Ова е мал придонес во вечната борба за полица, борба која брендовите што се најдоа меѓу 100-те избрани од трговците успешно ја водат на повеќе полиња“, изјави Верица Мартиновска, директорка на InStore.

Изборот на 100 MUST HAVE e регионален проект на InStore: специјална едиција беше издадена во Босна и Херцеговина, а се подготвува и во Србија.

Целосната анализа на податоците добиени од анкетата, како и листата на 100 MUST HAVE брендови меѓу трговците можете да ја најдете овде.