Kuehne + Nagel воведува myKN – единствен пристап за потрошувачи

48

Со myKN, компанијата Kuehne + Nagel на клиентите им нуди единствен пристап до сите услуги, заменувајќи го тековниот контролен центар, стои во соопштението.

myKN на клиентите им овозможува да истражуваат, закажат, да управуваат со пратки преку интернет портал.

“Фокусот кон клиентите е суштината на нашиот бизнис. Затоа, постојано ја подобруваме комуникацијата за водење бизнис со Kuehne + Nagel. Ние ја следиме амбицијата да им обезбедиме на нашите клиенти сè што е потребно за планирање и управување со пратки на едно место. Од таа причина, постојано ќе го подобруваме myKN со интерактивни функции“, вели Детлеф Трефгер, извршен директор на Kuehne + Nagel International.

myKN на регистрираните клиенти им овозможува да ги истражат сите можности за испорака, меѓу другото, преку проширената дигитална платформа  Sea explorer и да добијат видливост на сите аспекти на пратката, вклучувајќи ги и финансиските податоци и доверливи документи. myKN нуди различни опции за персонализација на функциите што им служат на индивидуалните потреби на клиентите.  Со тоа myKN е најкомплексно онлајн решение во логистиката.