Избришете 10 години од вашето лице

47

Како што поминуваат годините, кожата ја губи својата еластичност и се јавуваат брчки на лицето. Со стареењето се намалува нивото на естроген, колаген и еластин и промените на кожата стануваат сѐ повидливи. За среќа, можете да се справите со последиците кои настануваат со процесот на стареење и да избришете 10 години од вашето лице со најновата генерација на дермалните филери Revanesse.

Што е хијалуронска киселина?

Хијалуронската киселина природно се наоѓа во кожата. Телото постојано ја создава, но со текот на годините производството на хијалуронска киселина опаѓа. Синтетичката хијалуронска киселина во филерите е идентична со природната, па затоа и интервенцијата во голема мера  безбедна.

За што можат да се користат дермалните филерите?

Филерите може да се користат за пополнување на брчки, за создавање симетрија, враќање на волуменот на лицето и подмладување на изгледот на кожата. Исто така се користат за зголемување и корекција на усни. Резултатите се видливи веднаш и благодарение на уникатната технологија на вкрстување гелот природно се интегрира во кожата и се добива  долготраен и природен изглед.

Колку трае процедурата?

Процедурата е брза, едноставна и неинвазивна. Целата постапка трае до 15 минути.

Што содржат филерите?

Revanesse филерите содржат највисока концентрација на хијалурон – клучна компонента за кожата да остане хидрирана. Хијалуронската киселина во Revanesse се добива преку не-животински извори и е специјална за медицински цели. Филерите се биоразградливи и биокомпатибилни.

Времетраење

Со помош на уникатната технологијата на вкрстување Thixofix се создава гел кој е безбеден, мазен и лесен за инјектирање, обезбедувајќи максимална издржливост и долготрајност.

Реверзибилна

Во ретки случаи кога пациентот не е задоволен со резултатите, со користење на едноставен ензим хијалуронидаза аплицираниот филер може брзо и лесно да се тргне.