Ербас со повеќе нарачки од Боинг

50

airbus-380Европската авиокомпанија Ербас во првите четири месеци од оваа година имаше 493 нарачки, двојно повеќе од својот американски конкурент Боинг. За оваа бројка придонесе и нарачката од 82 авиони А320 за турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс, со опција за купување на уште 35 други. Ербас треба да ги испорача авионите до 2020 година.

Во изминатите четири месеци, Ербас испорачал 202 авиони, што е 10% повеќе за разлика од истиот период минатата година. Во истиот период, Боинг испорача само 183 авиони. Боинг во периодот од јануари до април имаше само 255 нарачки, главно поради приземјувањето на неговите дримлајнери 787 кои имаа проблеми со акумулаторите.

Минатата година Ербас го изгуби приматот, како во поглед на продажбата, така и во поглед на нарачките во корист на Боинг.