Дроновите за испорака на Google пристигнуваат во Европа

55

Фото: Pixabay

Дроновите на матичната компанија на Google, Alphabet, ќе започнат со првите испораки на eвропско тло, пишува BBC.

Од следната година, жителите на Хелсинки, Финска, ќе ги добијат услугите за испорака на Wing. Нивните дронови ќе испорачуваат пакети со максимална тежина од 1,5 килограм за само неколку минути од нарачката.

Wing, којшто е дел од Alphabet, досега успешно ги тестирал своите летала во Австралија. Биле направени вкупно 55.000 летови со дронови коишто испорачале лекови, кафе и предмети за во домот.

Оттаму велат дека ја одбрале Финска како прва земја за тест во Европа поради нивната “подготвеност“ за нови технологии.

Клиентите ќе можат да нарачаат преку апликација на смартфон, а за време на тест периодот услугата ќе биде бесплатна.