Google планира да врши достава на производи со дронови од 2017 година

28

google drones

Интернет гигантот Google од 2017 година планира да почне да користи беспилотни летала за достава на производи на своите клиенти, пишува BBC.

Проектот, којшто го најави лидерот на тимот Дејвид Вос, ќе го носи името Project Wind.

“Нашата цел е проектот да почне да функционира од 2017 година“, изјави Вос.

Google пред една година започна да спроведува тестирање за достава на производи со дронови. Проектот се појави во рамки на лабораторијата за тајни истражувања на Google X и се спроведуваше во Австралија. Во текот на истражувањето беа конструирани 30 дронови за достава на производи.