Фото: www.aprilli.com
Дизајнерот Стив Ли, од дизајнерското студио Aprilli design studio од Торонто, создаде автономна хотелска соба на тркала, пишува USA Today.
Во ова иновативно возило ги има сите услови што ги има во вообичаените хотелски соби. Опремено е со простор за спиење со душек, тоалет, посебен дел за работа или забава, како и мини – кујна. Во возилото може да престојуваат до пет лица.
“Во основа е хотелска соба, па има сè внатре. Без разлика дали внатре сте шест или десет часови, ќе се чувствувате пријатно“, вели Ли.
Се очекува оваа мобилна хотелска соба да се најде на патиштата од 2030 година. Возилото може да ги пренесува патниците до нивната посакувана дестинација, а со едно полнење на батеријата може да вози до 10 часа.