Апликација дијагностицира анемија преку фотографија на нокти

62

Фото: Pexels

Научници создадоа апликација за дијагностицирање анемија преку испратена фотографија од нокти на корисникот, пишува Nature communications.

Задача на пациентот е со својот мобилен телефон да направи фотографија од ноктите, а апликацијата со помош на алгоритми, ја препознава здравствената состојба на корисникот. Преку оваа апликација се мери количината на хемоглобин во крвта.

Иако не станува збор за 100% прецизна дијагноза, апликацијата може да послужи како алатка за рано откривање и препознавање на потешки облици на анемија.

Апликацијата би била најмногу корисна на потешко достапни места, каде луѓето немаат лекар во непосредна близина. Но, исто така, може да им служи и на трудници и на стари лица кои имаат потреба од анализа на крвта, а не се во можност премногу да се движат.