Frames – очила за сонце што во исто време се и слушалки

47

Фото: Bose

Американскиот бренд Bose создаде очила за сонце што на корисникот му овозможуваат да ги користи и за слушање музика, правење повици и можност за искуство со проширена реалност, пишува Dezeen.

“Очилата на Bose во исто време се и револуционерни и практични. Изгледаат како класични очила за сонце, сè додека не ги вклучите. И тогаш сте поврзани со вашиот телефон, контакти, интернет и ја имате со себе целата звучна содржина исто како да носите слушалки“, вели Мехул Триведи, директор на Bose.

Очилата, чие име е Frames, имаат сет од неколку звучници во рамките што на корисникот му нудат можност да слуша исто како да носи слушалки.

Она што е иновативно кај овие очила е тоа што обезбедуваат звук без корисникот да става слушалки во ушите, а нудат и содржина за проширена реалност базирана на звук.