Групација Триглав: Во 2019-та година планирана е повисока добивка пред оданочувањe

39

Групацијата Триглав ги претстави плановите за 2019 година и ја ажурираше стратегијата до 2022 година. Групацијата, во 2019-та година планира добивка пред оданочување во износ помеѓу 80 и 90 милиони евра, консолидирана бруто премија од осигурување околу 1,1 милијарда евра и комбиниран коефициент во висина од околу 95%, стои во соопштението.

Работењето на Групацијата, според предвидувањата за 2019-та година, сè уште ќе се одвива во поволни макроекономски услови во регионот, а истовремено може да се очекува заострена конкуренција на осигурителниот пазарот и неповолно финансиско опкружување за профитабилноста на финансиските вложувања. Групацијата ја ажурираше својата постоечка стратегија, но притоа ги задржа нејзините досегашни главни елементи. Нејзината визија, којашто е фокусирана кон клиентите, е динамично да развива нови начини на работење, како темел на одговорен и долгорочен развој на Групацијата, а воедно да работи профитабилно и сигурно.

Групацијата Триглав ја ажурираше стратегијата до 2022 година, но ги зачува нејзините досегашни основни елементи. Во својата визија го нагласува фокусот на клиентите, одвојувајќи три вредности, кои најдобро ја претставуваат Групацијата: навременост, едноставност, доверливост.

Достигнување долгорочна, стабилна профитабилност и зголемување на вредноста остануваат стратешки цели на Групацијата Триглав. На тој начин Групацијата ја следи својата мисија – градење на безбедна иднина за сите засегнати страни. Најважните стратешки цели остануваат непроменети, а подетално е дефиниран зацртаниот повраток на капитал (ROE). Предвидено е да надмине 10% во целокупниот стратешки период.

Групацијата Триглав останува фокусирана на клиентите и за нив ќе развива посебни услуги, кои ќе ги јакнат нејзините основни дејности, осигурување и управување со имот. Во рамките на Групацијата, развој на вработените и градење на кооперативна и агилна организација и култура остануваат главни насоки. За надградување и оптимизирање на процесите во групацијата од клучно значење се вработени кои имаат соодветни компетенции и дигитални вештини.

Во 2019-та година работењето на Групацијата и натаму ќе биде финансиски стабилно и профитабилно.